2ANNAS IFF – програма на летонски кратки филмови

ноември 21, 2014
во Категорија: Uncategorized
1490 0

Riga International Film Festival 2ANNAS е независен филмски и аудио-визуелен уметнички фестивал што на публиката ѝ нуди иновативни модели на аудио-визуелна комуникација од целиот свет. Целта на фестивалот е да се популаризираат европските и светските филмови кај летонската публика и да ги истражи развојот и трендовите на балтичката филмска уметност од глобална перспектива.
2ANNAS е платформа, којашто освен традиционалните начини на снимање филмови промовира и нови форми на содржина и изразување. Наша главна цел е да го поттикнеме развојот на летонската и балтичката филмска уметност преку следење на експериментални и концептуални филмови од странство.
Низ годините, се развивме во еден од најважните балтички фестивали за кратки филмови и нашиот домен постојано се зголемува. Оваа година фестивалот 2ANNAS славеше 20 години од своето постоење и бевме горди што за учество конкурираа дури 1.300 филма од 70 земји, вклучувајќи и рекорден број филмови од летонска продукција – 60.
Програмата „Летонски кратки филмови“ на Cinedays се состои од избор на играни и анимирани кратки филмови, коишто беа дел од селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал 2ANNAS во 2014 и 2015 година. Некои од нив веќе добија и меѓународни признанија, како на пример, „Кастрираната свиња“ (Главна награда на Tampere Short Film Festival), „Сите мои мртви“ (меѓународна премиера на Montreal Film Festival), „Островот на фоки“ (прикажан на Annecy International Animated Film Festival) и „Дождливи денови“ ANIMASIAN Award на Toronto Reel Asian International Film Festival, Canada).


Астра Золднере

Меѓународниот филмски фестивал 2ANNAS годинава ја има таа чест на публиката на Фестивалот на европски филм Cinedays да ѝ понуди посебна програма од летонски кратки филмови, одбрани од страна на Астра Золднере, програмски директор на 2ANNAS. Астра Золднере е филмски режисер, куратор и публицист. Во нејзината работа се поврзуваат практичните и теоретските аспекти на филмот. Астра е магистер на балтичката школа за филм и објавува статии од областа на филмот. Нејзините играни и документарни кратки филмови се прикажувани на голем број фестивали и имаат добиено повеќе награди и номинации (Best Documentary на Short on Work, Best Short Film the Great Christopher Award, Riga, Audience Award на Filmmzimmer Berlin, и други).

26 comments

  1. Pingback: max

  2. Pingback: robert

  3. Pingback: warren

  4. Pingback: Wade

  5. Pingback: travis

  6. Pingback: gerald

  7. Pingback: Robert

  8. Pingback: Harry

  9. Pingback: jerry

  10. Pingback: Brandon

  11. Pingback: Raymond

  12. Pingback: Nathan

  13. Pingback: Gerald

  14. Pingback: michael

  15. Pingback: leslie

  16. Pingback: marshall

  17. Pingback: ross

  18. Pingback: ray

  19. Pingback: zachary

  20. Pingback: Dave

  21. Pingback: Ricardo

  22. Pingback: francis

  23. Pingback: Leonard

  24. Pingback: Zachary

  25. Pingback: jamie

  26. Pingback: 2019

Коментарите се затворени.