Ана Поп Стефанија

ноември 4, 2015
во Категорија: cinedays2015, Жири на Филмска критика
1633 2
Ана Поп Стефанија

Ана Поп Стефанија е родена 1982 г. во Скопје. Магистер е по комуникации и автор на книгата „Границите во постјугословенскиот филм (територија, култура, идеологија)“. Еден е од победниците на конкурсот за филмска критика на Cinedays 2014, со својата критика за филмот „Песните на мајка ми“. Работи како специјалист за комуникации, а се занимава и со истражување на нови медиуми и креирање политики. Филмот е тема на која секогаш ѝ се враќа.