7B2: БЕСПЛАТНИ ПРЕГРАТКИ

7B2: БЕСПЛАТНИ ПРЕГРАТКИ

ноември 20, 2015
во Категорија: 20.11. (петок), cinedays2015, кат 7B: Кратки филмови: Македонија
1162 0
7B2: БЕСПЛАТНИ ПРЕГРАТКИ

FREE HUGS
Tamara Kotevska

20. 11. | 19:00 | кино Фросина

Времетраење / Runtime: 20′
Држава / Country: Македонија / Macedonia

Режија / Directed by: Tamara Kotevska
Кинематографер / Cinematography by: Kevin Pedersen
Монтажа / Editing by: Marko Dzambazoski
Сценарио / Written by: Tamara Kotevska
Продуцент / Producer: Faculty of Dramatic Arts – Skopje
Улоги / Cast: Aleksandar Mihajlovski, Natalija Teodosieva, Kristijan Kralevski, Igor Todorov, Toni Denkovski

Модерна бајка за македонската „Снежана“ којашто работи во депресивен луна-парк, додека нејзиниот „принц“ се бори за егзистенција делејќи флаери и „бесплатни прегратки“ за да ја промовира големата хуманитарна организација за којашто работи.
Тие се обидуваат да го убедат „малото џуџе“ – младото циганче, кое се шета низ паркот, да учествува во нивното промо-видео, за да можат да земат пари за него. Но сѐ што сака малото циганче е велосипед. Бидејќи Снежана не успева да го убеди циганчето Ромео да зборува пред камера, „Гушкачот“  го наоѓа решението: тој се договара со Ромео да се возат цел ден во паркот на сите колички, а потоа тој да им го каже тоа што тие го бараат од него. Додека тие се возат, на штандот на Снежана доаѓа еден глувонем човек што ѝ бара пари, и таа го брка, но не може ни да замисли што ќе улови скриената камера меѓу играчките.