CINEDAYS оддава почит на невините жртви од париското безумие

ноември 17, 2015
во Категорија: 17.11. (вторник), Вести
2450 2
CINEDAYS оддава почит на невините жртви од париското безумие

Канскиот победник вечерва бесплатно во кино Милениум -

(CINEDAYS оддава почит на невините жртви од париското безумие)

Пријатели,

Сторијата во овој филм, е токму она што во мигов ѝ се случува на Европа: огромната историски незапаметена миграциска криза.

Со полната сала во кино Милениум, и отпоздравувањето на главнaтa актерка Kalieaswari Srinivasan, да оддадеме почит и сочувство на невините жртви и нивните најблиски, од париското безумие кое пред неколку дни, нè згрози сите нас, цивилизираниот свет.

Денес на CINEDAYS, канскиот победник, освојувачот на Златната Палма на најпрестижниот филмски фестивал во светот, филмот “Dheepan”, на големиот француски режисер Jacques Audiard. Вечерва, 20:00, во кино Милениум, ќе нè пречека и ќе ни се поклони главната актерка, Kalieaswari Srinivasan.

CINEDAYS објавува дека за сите филмофили, вечерашната проекција ќе биде бесплатна.

Воедно, сите оние кои веќе купиле билет во претпродажба, CINEDAYS ќе им ги врати парите, и/или пак замени билетите за останат филм по нивна желба во ГАЛА програмата.

Вечерва, во кино Милениум, да се простиме достоинствено од невините жртви и да кажеме НЕ на лудилото!!!