ЦИРКУСОТ ГО НАПУШТА ГРАДОТ – специјална проекција

ноември 20, 2015
во Категорија: 20.11. (петок), cinedays2015, Придружна Програма
1279 0
ЦИРКУСОТ ГО НАПУШТА ГРАДОТ – специјална проекција

VE PANAYIR KOYDEN GIDER
ЦИРКУСОТ ГО НАПУШТА ГРАДОТ

Mete Sözer

20. 11. | 17:00 | кино Фросина

Времетраење / Runtime: 99’
Држава / Country:
Турција/ Turkey
Јазик / Language: Турски / Turkish

Режија / Director: Mete Sözer
Продуцент / Produced by: Mete Sözer, Ahmet Alp
Кинематографер / Cinematography by: Nate Cornett
Монтажа / Film Editing by: John Paul Horstmann
Улоги / Cast: Engin Altan Düzyatan, Cem Davran, Açelya Devrim Yilhan, Ilyas Salman

Во едно заборавено и испустено село, заробено помеѓу животот и смртта, останати се само малкумина. Одамна човек однадвор не стапнал, а сите млади заминале. Еден ден во селото пристигнува непознат човек. Слегува од возот, облечен во црвено, со црвен куфер в рака. Тој е првиот намерник по многу долго време. Со неговото доаѓање селото живнува и за тоа на големо се зборува. По почетната изненада, полека доаѓа сомнежот. Ќе испливаат некои длабоко сокриени мрачни спомени за некоја крвава свадба. Дали туѓинецот е поврзан со тоа? Дали тој ќе донесе болка или нова надеж?