ДЕЈАНА ПРЊАТ

ноември 4, 2015
во Категорија: cinedays2015, Жири на СинеБалкан
975 0
ДЕЈАНА ПРЊАТ

Д-р Дејана Прњат дипломира на Продукција на сценски и културно уметнички дејности на Факултетот за драмски уметности на Унивезитетот за уметност во Белград. Магистрира и докторира во областа на културната политика на Факултетот за политички науки во Белград. Завршува постдокторски студии во областа на маркетингот во уметноста на Универзитетот Метрополитен во Лондон.
Во моментов е редовен професор на Академијата за уметност во Белград и визитинг професор на Академијата за уметност во Нови Сад и на Универзитетот во Долна Горица, Црна Гора. Во 2012 била визитинг професор на Универзитетот за применета уметност Микели во Финска. Автор е на две книги и на повеќе написи. Нејзините дела се објавени на шест јазика. Постојано ја претставува својата работа на голем број меѓународни конференции, меѓу кои и на II Светска конференција на УНЕСКО за образование во уметноста. Има држено предавања на Универзитетот Метрополитен во Лондон, на Ecole Brass Arts во Франција, на Универзитетот Докуз Ејлул во Турција, итн. Предмет на интерес за неа во моментов се уметноста, медиумите, маркетингот, комуникологијата и културната политика.