Конкурс за филмска критика

ноември 21, 2014
во Категорија: Uncategorized
1525 0

Поаѓајќи од општата состојба на криза во светот на филмската критика, Cinedays трета година по ред иницира креативен однос на помладата филмска публика кон седмата уметност.
Анализата и оценувањето на филмовите е сосема сериозна дисциплина. Таа е валидна само тогаш кога ќе ги содржи елементите на вредносно и образложено расудување, толкување, набљудување и личен лексички печат.
Филмската критика не е поле за рангирно, нумеричко или конзумерско вреднување на филмовите. Пишувањето филмска критика подразбира креативно и аргументирано толкување на филмското творештво (и на добрите и на лошите филмови).
Нашата цел е да ја промовираме филмската критика во уметност 7+.
Влатко Галевски, филмски критичар

1 comment

  1. Pingback: Stephen

Коментарите се затворени.