ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 14. CINEDAYS!

ноември 22, 2015
во Категорија: cinedays2015, Вести
2623 2
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 14. CINEDAYS!
Доделени наградите на 14. издание на CINEDAYS!

 

Жирито во состав: Реолоф Јан Минебо, Михаела Сирбу и Владимир Блажевски одлучија Наградите за Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобро сценарио да одат кај следните автори:

 

Најдобар филм во Официјалната селекција

 „Помеѓу 10 и 12“ од Петер Хогендорн

„Суптилна и прецизна визуелна приказна за тагата, која им овозможува на гледачите да бидат дел од патувањето на ликовите, без да наметнува емоции или чувства“.

 

 Најдобар режисер во Официјалната селекција

 Иван Острочовски за „Коза“

„Смела концептуална документарна драма (или драмски документарен филм), којa самоуверено талка помеѓу црна комедија и искрено сочувство“.

 

 Најдобро сценарио во Официјалната селекција

 Даријан Пејовски и Игор Иванов за „Три дена во септември“

„Силни ликови во приказна со добро темпо, која не се однесува само на современите општествени прашања, туку и ги држи гледачите љубопитни за тајните што демнат од минатото“.

 

Специјално признание за најдобар актер

Петер Курт во „Херберт“

„Балансираниот приказ на брутална агресија и ранливост на Петер Курт нè тера да бидеме грижливи за ликот што кој било нормален човек би го избегнувал по секоја цена“.

 

Жирито  во состав: Сали Салији, Дејана Прњат и Мете Созер одлучи да, наградата за Најдобар филм во селекцијата СинеБалкан ја додели на филмот „СНЕГ“ во режија на Венцислав Василев:

„Поминаа повеќе од 200 години од француската револуција, а тоа е момент од кога Балканот никако не може да најде мир во себе…Таа агонија, за жал сè уште трае. Пред година дена имавме големи поплави во Србија, Босна, Хрватска, Македонија… тие нам ни покажаа дека мораме заедно. Но јас мислам дека не мораме, туку дека тоа сме, а ова е време кога мораме конечно да сфатиме дека различностите во едно општество впрочем се благодет за истото.
>Овогодишната селекција СинеБалкан уште еднаш покажа дека филмовите може да ни помогнат да бидеме подобри луѓе. Гледајќи ги најтрагичните приказни на обичните луѓе или луѓето чија животна приказна им наметнала да бидат бесчувствителни, ладни или бездушни… за момент се гледаме и ние самите. А всушност, тие се оние моменти кога имаме прилика да го видиме вистинското лице на злото и оној уништувачки нагон, кој во суштина секој човек го поседува. Филмовите нè опоменуваат и нè предупредуваат. А во добата во која живееме, навистина ни требаат добри луѓе… подобри луѓе, оние најхуманите. Гледајќи го бугарскиот филм SNOW – „Снег“, имавме чувство дека гледаме филм преполн со егзистенцијална филозофија, ама никако онаа на Сартр или Ками, туку егзистенцијализам според Достоевски, во филмски облик и тоа на Балканот. Би ја искористил прилика на крај да се заблагодарам на сите, ама буквално на сите од организацијата на овој фестивал, а особено поради селекцијата СинеБалкан. А за крај, со сигурност и од искуство ќе нагласам дека ние од Балканот, знаеме да правиме добри филмови и всушност многу добро го познаваме филмскиот јазик.“