110: ПРЕСТАПНИЦИТЕ

110: ПРЕСТАПНИЦИТЕ

ноември 19, 2015
во Категорија: 19.11. (четврток), cinedays2015, кат 1: Официјална Селекција
1491 0
110: ПРЕСТАПНИЦИТЕ

THE VIOLATORS
Helen Walsh

19. 11. | 21:00 | кино Фросина

Времетраење / Runtime: 97’
Држава / Country:
Велика Британија / UK
Јазик / Language: Англиски / English
Премиера / Release Date: 23 јуни 2015 (Велика Британија) / 23 June 2015 (UK) – Edinburgh International Film Festival

Режија / Director: Helen Walsh
Сценарио / Writers:
Helen Walsh
Продуцент / Produced by:
David A. Hughes, David Moores
Продукција / Production Company: Red Union Films
Кинематографер / Cinematography by: Tobin Jones
Монтажа / Film Editing by: Kyle Ogden
Улоги / Cast: Lauren McQueen, Brogan Ellis, Stephen Lord, Liam Ainsworth, Derek Barr, Callum King Chadwick

Откако сведочи против насилниот татко, тинејџерката Шели и нејзините браќа завршуваат во рацете на социјалните служби. На возраст кога другите девојчиња најчесто се занимаваат со момчиња, Шели мора да се грижи за своето дисфукнционално семејство коешто живее на еден трошен имот во напуштениот дел од градот. За неа, единствено бегство од мрачниот живот е неочекуваното пријателство со богатата Рејчел и подеднакво неочекуваната заштита од страна на еден локален лихвар, кој сака да му помогне на семејството.
Но ниту еден од нив не ѝ нуди бесплатно пријателство и нивните средби ќе доведат до последици. Визуелно софистицираниот филм го прикажува животот на дното од каде што речиси и не постојат шанси за бегство и ја истражува урбаната пустелија на општеството во распаѓање, каде што сѐ си има своја цена. Кога татко ѝ е пуштен на условна казна, Шели треба набрзина да донесе неколку важни одлуки и се наоѓа во ситуација каде што треба предвреме да порасне.

Фестивали / Festivals:
Edinburgh International Film Festival; Karlovy Vary International Film Festival