Terry Francis + Мирко Попов & Andreas Hz

Terry Francis + Мирко Попов & Andreas Hz

ноември 13, 2015
во Категорија: 13.11. (петок), cinedays2015, променада
1089 4
Terry Francis + Мирко Попов & Andreas Hz

Terry Francis + Мирко Попов & Andreas Hz

13. 11. | 22:30 | МКЦ

Во рамките на музичката програма на овогодишниот CINEDAYS гостува еден од најславните британски андерграунд DJ-и, во исто време и миленик на скопската клубска публика, TERRY FRANCIS.
Познат како човекот што направи kick-start на technohouse лондонската сцена преку својата клубска вечер Wiggle и веќе 16 години резидент DJ во еден од најславните светски aндерграунд мега-клубови, лондонскиот FABRIC.
Неговите landmark долги и smooth миксови отсекогаш биле предизвик за публиката на подиумот за танц, а неговата уникатна моќ да ја помрдне публиката му донесе ангажман низ светот.
Редовен гостин на скопските подиуми уште од крајот на 90-тите, секогаш позитивен, расположен и гарант за вистински разиграна и весела клубска вечер.
За само неколку дена излегува неговиот нов E.P. – Open Door за неговиот Wiggle label.

ПМГ Рекордингс и BTKRSH се локалните тимови што ја промовираат оваа вечер, а Мирко Попов и Andreas Hz ќе ја загреат атмосферата пред настапот на Terry Francis.

Билети за скромни 150 денари, во продажба на билетарницата на МКЦ, по полноќ на 13.11., цената на билетите ќе биде 200 денари.

Повелете во Хотел CINEDAYS.

https://www.facebook.com/events/1489097918058164/

terry