ТОНИ ШАРИЌ, селектор на филмовите од музичката програма

ноември 12, 2015
во Категорија: Uncategorized
1616 0

Уште една година од нашето дружење со музичките документарни филмови и уште едно откривање нови и возбудливи бендови. Оваа година, во селекцијата за првпат малку повеќе е застапена азиската сцена – на Cinedays запознајте ги сингапурската и камбоџиската, проширете ги музичките хоризонти. Исто така, конечно имаме и филм за легендарното радио WFMU, кое е пример за екипата на Канал 103 и не само за нив. Погледнете го за првпат и фантастичниот Кен Фридман и истражете детално една од најнезависните приказни во историјата на поп-културата. За љубителите на punk/HC сцената подготвив нешто посебно – неверојатно важната и влијателна вашингтонска сцена и архивски снимки што на сите вам 100-те минути со Salad Days ќе ви ги направи мошне кратки и брзи, како што е и музиката, којашто промени толку многу. Како и секогаш, тука се и три филма прикажани оваа година на DORF. Гледаме занимлива реконструкција на аферата во Словенија, кога екипата од Neue Slowenische Kunst подготви штафета за Денот на младоста, во средината на 80-тите, а за љубителите на скејтбордот и екстремните спортови, тука е филмот за првите 15 години од најголемиот фестивал во Хрватска – Pannonian Challenge. Дојдете на проекцијата со некој BMX или скејтборд и уживајте во мајсториите што веќе со години ги организира екипата ентузијасти од Осиек. Третиот филм е за одличните Морфин. Пред три години го имавме филмот Cure for pain, а сега ќе го гледаме Journey of dreams – за разлика од претходникот, снимен е од перспектива на членовите на бендот, па и затоа е поавтентичен. Ретките архивски снимки од бендот и сведоштвата на овој филм му даваат статус на вистински документ, не само за фановите на ова генијално трио.
Освен овие, погледнете ги и филмовите за берлинската сцена од 80-тите, креативното лудило и хаосот од кој изникна толку вредно и важно, па премиерата на филмот „Сложувалка“ за македонската хип хоп сцена и концептуалниот филм за големaтa Лори Андерсон. За самиот крај го оставивме филмот за никогаш прежалената Ејми Вајнхаус. Пронајдете своја причина за да дојдете во нашето мало кино. Не пропуштајте ја можноста да ги погледнете овие приказни во добро друштво.

30 comments

  1. Pingback: vincent

  2. Pingback: Roger

  3. Pingback: gabriel

  4. Pingback: Daryl

  5. Pingback: Jonathan

  6. Pingback: Virgil

  7. Pingback: Alfonso

  8. Pingback: jimmie

  9. Pingback: Angel

  10. Pingback: Oscar

  11. Pingback: john

  12. Pingback: Henry

  13. Pingback: nathaniel

  14. Pingback: Andy

  15. Pingback: jeff

  16. Pingback: warren

  17. Pingback: otis

  18. Pingback: elmer

  19. Pingback: Edward

  20. Pingback: marion

  21. Pingback: Ernesto

  22. Pingback: Jay

  23. Pingback: thomas

  24. Pingback: raul

  25. Pingback: Roy

  26. Pingback: Shane

  27. Pingback: Alexander

  28. Pingback: Orlando

  29. Pingback: Everett

  30. Pingback: Gene

Коментарите се затворени.