ПРЕДАВАЊЕ: Сите филмови се еднакви: снимање филм без буџет (и зошто го правам тоа)

ноември 16, 2015
во Категорија: cinedays2015, Придружна Програма
1176 0
ПРЕДАВАЊЕ: Сите филмови се еднакви: снимање филм без буџет (и зошто го правам тоа)
16. 11. | 12:00 | Џебно кино

Вилијам Браун
Вилијам Браун е виш предавач по филм на Универзитетот Роехемптин во Лондон. Автор е на Supercinema: Film-Philosophy for the Digital Age (Berghahn, 2013) и на Non-Cinema: Global Digital Filmmaking, Entanglement, Ethics, Multitude (наскоро во издание). Заедно со Дина Јорданова и Лешу Торчин е автор на Moving People, Moving Images: Cinema and Trafficking in the New Europe (St Andrews Film Studies, 2010), а со Дејвид Мартин-Џонс, автор е на Deleuze and Film (Edinburgh University Press, 2012). Има режирано и неколку нискобуџетни или филмови без буџет: En Attendant Godard (2009), Afterimages (2010), Common Ground (2012), China: A User’s Manual (2012), Selfie (2014), The New Hope (2015) и Ur: The End of Civilization in 90 Tableaux (2015).

Сите филмови се еднакви: снимање филм без буџет (и зошто го правам тоа)
Дискусија за различните форми снимање филм без или со низок буџет низ светот, со фокус на Кина, Филипините и САД – како и на мојата лична практика на снимање филм. Мора да изнесам дека, снимањето без буџет, денес, е овозможено од дигиталната технологија пришто таа, заедно со нискиот буџет, често доведуваат до формална иновација што на овој вид снимање му дава жива и значајна форма. Всушност, ќе треба да објаснам како естетиката на филмовите без буџет содржат истовремено и политичка димензија со тоа што тие, филмовите, воспоставуваат еден вид демократска кинематографија каде што сите филмови се еднакви. Би требало и да објаснам како дистрибуцијата останува клучно прашање за овие филмови и нивните режисери, настрана од утописките заложби на интернет-страниците за дистрибуција и прикажување како YouTube и Vimeo, и настрана од теоретската потпора од фестивалските учества. Сепак, ќе мора да кажам дека овие филмови претставуваат иднина на кинематографијата и свет во кој секој од седумте милијарди кино-поети може да процвета.